Поголем број од луѓето немале контакт со психолошките теории, ниту биле во контакт со психолог, што значи дека им недостасува научна основа на објаснување на човечкото однесување.
Затоа често, може да помешаат привидно чувство со реална внатрешна состојба.
И покрај тоа што од трета страна може да изгледа дека сте во совршена хармонија, љубов и дека вашиот партнер ве обожава, вие се чувствувате несреќни во таа врска, а сепак не можете да си ја објасните причината.
Тој ве сака, вие го сакате, па тогаш кој е изворот на несреќата?
Љубовта не е секогаш конструктивна, таа може да биде патолошка и буквално да ви направи пекол од врската, па затоа обрнете внимание на овие типови на однесување кои сигурно ќе ви откријат дека станува збор за патолошка љубов:
- Секогаш има совет или коментар без разлика што никој не го бара од неа/него
Тој / таа смета дека има право да одговара за се што е поврзано со вас. Пред вас ќе даде одговор за тоа дали ви е добро работното место, како се сложувате со колегите или како нешто правите.
Понекогаш се изненадувате од дозата на дрскост што некој ја покажува одговарајќи во ваше име без разлика дали зборува афирмативно или негативно за вас.
Многу пати од пристојност, премолчувате, но длабоко во себе знаете дека личноста што ви го прави тоа, буквално ве третира како посед препуштен на негова/нејзина одговорност.
Дури и наместо вас открива каде сте биле, што сте правиле и какви разговори сте воделе иако не бил/а присутен/на.
- Ги запоседнува луѓето околу вас
Сите луѓе со кои сте во контакт, добиваат пораки, прашања и проверка на состојбата во вашето пријателство.
Тој//таа пред трети лица се прикажува како ваша жртва и страдалник за вашата љубов, но вистината е дека има намера да го креира мислењето на луѓето околу вас за вас.
Кога на крај ќе ви ги расипе односите со сите, ќе се појави како херој кој ги рехабилитира и буквално ви дава до знаење дека може да си игра со претставата за вас како што сака!
- Ве обвинува
Ве обвинува за работи кои му/и се случуваат. Буквално се има врска со вас. Од тоа дали некој денеска на работа лошо го/ја погледнал до тоа дали ќе го/ја боли стомак бидејќи вие сте направиле лош избор на јадење.
Едноставно преку вината ви создава чувство на должност и ве држи во подредена позиција засекогаш.
- Ве потсетува на вашите долгови кон него/неа
Никогаш вистински нема да се покае за навредливите зборови или за грешките кон вас, секогаш ќе ве потсетува колку тој/таа направил/а за вас.
Тука, секако не го смета вашиот удел, за сето добро е заслужен/на тој/таа, а за сето лошо само вие.
- Ве шпиунира
Прави невозможни работи за да провери што правите кога не сте заедно.
Ги контролира разговорите со пријателите и доколку се обидете да избришете порака или да ја скриете, туку веќе настанува трета светска војна.
Едноставно не дозволува со другите луѓе да градите односи на ТИ без тој/таа да е вклучен/а.