Од особена важност за Балканските Египќани е празникот Св Атанас (Танасовден), што го слават на 30 и 31 јануар. На 29 јануари обавезно се купувал петел, кој требало да преноќи во домот и да пропее наутро.
Се колел на 30 јануари и се спремала богата вечера. На софрата се ставале 3 погачи, поголема, средна и помала една над друга. Се забодувале 3 свеќи и се палеле.
Со варена пченка или ориз се правеле три круга со рацете околу погачите испуштајќи ги зрната во вид на дожд, со зборовите за многу години, да сме здрави и живи, догодина подобро и побериќетно.
Свети Aтанас на Балканот е познат како празник на ковачите, железарите, ножарите и налбатите. Овој празник го добил името по Александријскиот епископ Атанасије Велики (295-373) голем противник на аријеската ерес, кој од царот Константин и неговите наследници бил пет пати прогонуван.
Атанасије проповедал за верата и подвзите на египетските пустењаци и станал симбол на христијанската строгост и самоодрекување. Големиот култ кон Атанасије кај Балканските Египќани упатува на можност дека тие го прифатиле монофизитското учење на Александриската школа, кога се хриситијанизирале.
Танасовден го слават како култ Египќаните муслимани во Охрид, Струга и Ресен.