Православната црква и нејзините верници денеска го слават Свети Атанасиј Велики, кој цел живот бил прогонуван од еретиците. За овој ден се поврзуваат бројни народни обичаи, а особено е важно да се заштити светецот доколку грми.

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, е роден во Александрија во 296 година, а веќе во раното детство се свртел кон духовноста. Како ѓакон на архиепископот Александар бил на Првиот вселенски собор во Никеја, каде што се прославил со своето учење.

Придонел за зацврстување на православието, а особено пишувајќи го Симболот на верата, кој го усвои Соборот.

Атанасиј е можеби еден од најклеветените и најпрогонуваните светци. Го прогонувале императорите Констанциј, Јулијан и Валент, еретикот Ариј и неговите следбеници, епископот Никомидиски Евсевиј и многу други.

Малку се светците кои биле толку безмилосно клеветени и толку злосторнички прогонувани како свети Атанасиј.

Трпеливо, со јасно всадена вистина и верба во себе, успеа да истрае до крај. Дури пред смртта живеел мирен период, а потоа, во 373 година, починал. Непосредно пред неговата смрт, тој го ракоположи својот наследник, епископот Петар.