Можеби до сега не сте знаеле, но некои домаќинки не го користат медицинскиот лек аспирин само за спречување и лекување на болки во телото. Покрај тоа, може да се користи и во домот каде што нашол бројни апликации.

Ви пренесуваме три примени на аспирин во одржувањето на домот.

  • Ги отстранува дамките од пот од облеката

Аспиринот може да го продолжи животот на вашата облека за која мислевте дека е уништена од дамки од пот.

Помешајте една таблета аспирин со топла вода, нанесете на дамките и оставете преку ноќ. После тоа, измијте ја облеката како што обично правите и уживајте во резултатот.

  • Ги отстранува трагите од сапун во бањата

За оние кои веќе се уморни од перење дамки од сапун, постои едно одлично решение. Скршете пет таблети аспирин и додадете дел од средството за чистење.

Смесата нанесете ја на површините, оставете половина час, а потоа лесно ќе ја отстраните со сунѓерче.

  • Ја продолжува свежината на набраните цветови

Букетот ќе трае подолго во вазна ако ставите таблета аспирин во водата.

Ова се случува затоа што аспиринот ја менува pH вредноста на водата и се забавува растот на бактериите во неа. Овој трик е особено успешен кога се розите во прашање.