Обичната вода, за разлика од храната, не содржи шеќери или протеини, што го олеснува загадувањето од микробите.
Постои објаснување за чудниот вкус на водата што останала во чашата преку ноќ. Имено, бидејќи водата била изложена на воздух, апсорбирала малку јаглерод диоксид и дел од таа СО2 се претворил во карбоксилна киселина, што значи дека водата во воздухот го менува својот хемиски состав.
Кога карбоксилна киселина ослободува еден или два протони и се претвора во бикарбонат или карбонат, ја намалува pH вредноста на водата, предизвикувајќи таа да го смени вкусот.
Кога ќе земете чаша вода оставена на вашата работна маса од минатата ноќ, запомнете дека таа била изложена на бактерии и дека во неа завршила занемарлива количина прашина.
Ова не значи дека водата се расипала, но заради сè што се собрало во неа во текот на ноќта, размислете дали да ја пиете.