Приказната за еден австралиски сурфер кој беше нападнат од ајкула предизвикувајќи сериозни повреди, но и покрај тоа, тој успеа да плива до брегот и да побара помош во блиската болница, лекарите ја нарекоа- неверојатна.

Според „Гардијан“, 29-годишникот со брутални повреди на нозете, задникот и грбот, сам испливал на плажа, а потоа одел 300 метри до блиската болница.

Нападот на ајкулата се случил додека сурфал во близина на островот Кенгур во јужна Австралија.

Болничарот Мајкл Рашби пред медиумите изјави за тешките повреди предизвикани од каснување од голема ајкула.

Го стабилизиравме покрај патот, му ги преврзавме раните и му дадовме нешто за болка. Младиот човек претрпе сериозни рани на грбот и бутот. Неверојатната работа е што тој успеа сам да плива до брегот. Потоа одеше уште 300 метри до паркингот каде му помагаа минувачи. Тоа е навистина неверојатно, со оглед на сериозноста на неговите повреди, рече тој.

Сурферот сподели и ракописна порака во која им се заблагодарува на болничарите и на персоналот на болницата што му го спасија животот. Тој точно опиша како изгледал нападот на ајкулата.

Седев на таблата кога почувствував удар од левата страна. Се чинеше како да ме удри камион. Ми ги гризна грбот, задникот и лактот, а потоа ми одгриза парче од даската за сурфање. Видов дека е ајкула, а потоа исчезна, напиша младиот човек кој потоа некако успеа да плива до брегот, а потоа оди до болницата.