Деновиве не очекуваат високи температури и топлотни удари. Од голема важност е да се заштитите соодветно од УВ зрачењето и од можноста за колабирање.

Поради високите температури, организмот работи на ладење на кожата, поради што се троши многу енергија и пред се вода. Па затоа може да забележите поголем умор ако сте изложени повеќе време на Сонце.

Ви споделуваме неколку препораки како да се заштитите во вакви услови:

  • Повеќе течности 

Потребно е да внесувате повеќе течности, пред се вода. При тоа внимавајте водата да не е престудена или да не додавате мраз во пијалоците.

Ладните пијалоци нема да ве оладат, напротив ќе ја трошат дополнително енергијата за телото да ги загрее во близина на телесната температура.

  • Крема со заштитен фактор или прекривки на кожата

Кожата не треба да биде предолго изложена на сончеви зраци особено кога УВ индексот е многу висок.

Затоа, секогаш кога треба да излезете од дома, осигурајте се дека добро сте ја заштитиле вашата кожа.

Аплицирајте крема со заштитен фактор или покријте ги ризичните делови, како очите, челото и рамењата.

  • Намалено движење 

Редуцирајте го вашето движење во периодот од 11 до 16 часот, бидејќи тогаш топлотниот удар е најинтензивен.

Ако работите на отворено, правете почесто паузи кои ќе ги користите да се напиете вода.