Во зимските периоди обично јадеме т.н „јака“ храна која изобилува со јаглехидрати или масти, бидејќи се верува дека ваквата храна ни дава дополнителна енергија која ни е потребна да се справиме со ниските температури.

Но, потребата од „јака“ храна во зимските периоди е заблуда. Во овој период од годината се препорачува храна која не содржи многу масти и јагле-хидрати.

Горан Поповски од Ајурведа.мк во денешното гостување во емисијата „Мој збор“ на Радио Мост истакна дека зимскиот период е период од годината кога доминантен елемент е земјата. Поради тежината на елементот и тежата која дополнително се создава во нашето тело, потребно е да се јаде храна која изобилува со вода и да се користи козметика на база на природни масла кои ја хидрираат нашата кожа.

За поттикнување, пак на имунитетот во зимскиот период, Горан препорачува:

Да се пијат 2-3 чаши топла вода во која се додадени неколку капки лимон и ѓумбир. 

Оваа древна метода на прочистување на телото и негово подготвување за „одбрана“ од настинки и вируси е ефикасна и во рамките на човечката цивлизација се користи околу 5.000 години, дознавме од одговорот на Горан.