Какаото е познато како растение кое го штити телото од слободните радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови, како и многу видови на рак.

Покрај тоа, какаото го регулира нивото на шеќер и холестерол, стимулира подобра меморија и концентрација, го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар, го забавува процесот на стареење, ја омекнува кожата, а во исто време е и моќен афродизијак.

Американското здружение за унапредување на науката тврди дека редовното пиење какао го „чисти мозокот“, бидејќи флавоноидите во него ја забрзуваат циркулацијата и испораката на кислород до мозокот.

Ароматични лекови

Покрај тоа што е вкусен и делува како специфичен зачин, празот е богат со бројни минерали, витамини, етерични масла, како и сулфур.

Овој состав го прави идеален за одржување на здравјето на респираторниот тракт, варењето, бубрезите, црниот дроб и крвта. Народната медицина во случај на зголемена тироидна жлезда советува обвивки од варен праз.