Хана Хорка почина на 57-годишна возраст, откако намерно беше заразена со корона вирусот, а не беше вакцинирана.

Чешката пејачка решила намерно да се зарази за да развие антитела и да добие зелен сертификат за одење на одредени места.

Иако на социјалните мрежи објави дека закрепнува по позитивниот тест кој го сподели на социјалните мрежи, таа почина два дена подоцна.

Таа решила да се зарази со корона додека нејзиниот син Јан и таткото биле заразени, иако биле вакцинирани двапати.

-Требаше да биде изолиран една недела бидејќи бевме позитивни. Но, таа беше со нас цело време – рекол синот.

Хана беше член на групата „Асонанс“. Иако на денот кога објави статус на позитивен резултат и дека отсега „ќе има концерти, театри и сауни“, таа почина истиот ден.

Сакала да се прошета, но ја болела грбот и решила да легне, по десетина минути се задушила, изјавил нејзиниот син.