Нема продолжување на владините мерки замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ то на основните прехранбени производи, дознава Сител.

Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи шокот од драститчното зголемување на цените кај лебот, брашното и маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5%., а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10%.

Сега, извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември , за кога се очекува зголемување на цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини. Владата, со ребалансот на буџетот, за нов пакет помош за граѓаните и стопанството издвои 76 милиони евра.

Експертите неколку пати алармираа- вештачко држење на замрзнати цени, не е добра мерка., затоа што суровните поскапуваат на светскиот пазар, па после одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично поскапувањее на производите и кај нас.

Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата. Според статистиката, во април прозиводите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.