Во Соборниот Храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје утрово се случува историското сослужување на поглаварите на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и Српската православна црква, Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј.

Соборниот храм е преполн со верници, но и со претставници на државниот врв, како и со претставници на останатите верски заедници.

Во делегацијата од СПЦ, заедно со патријархот се присутни Мирополитот Црногорско-приморски Јоаникиј, епсикопот сремски Василиј, Бачкиот епископ Иринеј, зворничко-тузлансткиот Фотиј, крушевачкиот Давид, ремезијански Стефан и Пабачки Јеротиј.

Патријархот Порфириј стигна во Скопје, двете делегации се сретнале во резиденцијата на г.г. Стефан

Заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Вселенската патријаршија на 9-ти месецов ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви.

Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Убавите луѓе имаат помалку успешни врски и среќа во љубов
Следната статијаПовторно поскапување на производите од 1 јуни

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде