Според извештајот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на регистрирани случаи на ковид-19 ширум светот надмина 300 милиони.

Високозаразната варијанта на омикрон доведе до рекордни инфекции во десетици земји, иако се верува дека сојот предизвикува помалку тешки состојби и помалку смртни случаи од претходните видови, особено за вакцинираните лица.

Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека огромниот број на инфекции ќе ги оптовари здравствените системи ширум светот.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус оваа недела рече дека омикрон не треба да се категоризира како благ, бидејќи „тој хоспитализира и убива луѓе“.