Се верува дека човечкиот јазик води потекло од моќта за создавање на синостезија која, пак е резултат на создавање нова невронска мрежа кај примати како резултат на јадење на некој психотробни печурки кои ги наоѓале во природата.

Се верува дека печурките предизвикале синостезија, или обединување на субјективните асоцијации и нивно обедиунување, што е предуслов за постоење на јазикот.

Синестезија (старогрчка син (обединета) + естезија (сензации); обединување на сензации) е спонтана субјективна асоцијација на разновидни сензации предизвикана од директното искуство на само една од нив; учење и чувство дека она што го перцепираме со нашите сетила може да се измеша (мирисите имаат форма, бои, звуци …).

Во литературата, синестезијата е стилска фигура на поврзување слики што не потекнуваат од истата смисла (на пример, нежно сино).

Вокалната симболика и музикалноста на стихот се остварува преку синестезија. Тоа е лингвистичка слика во која се мешаат перцепциите за различни сетила, и која изразува комбинација на звук, боја, мирис …

Синестезијата е дефинирана како стилска фигура која постигнува замена на сетилните својства. Така на пример, бојата може да се мириса, звукот може да се види и слично.

Во една од рекламите, еден од учесниците ја изговара реченицата Факт мириса на бело. Во оваа реченица се заменети својствата на сетилото за мирис и сетилото за вид, така што може да се намириса она што може да се види само во реалноста.