По детекритањето на двата нови типа на коронавирусот – јужноафрикански и британски тип, не престануваат да се регистрираат и нови типови на мутираниот коронавирус.
Во меѓувреме голем дел од популацијата е подложена на вештачка имунизација.
Прашањето е дали вештачката имунизација ќе успее да одговори на сите мутации на коронавирус и како ќе тече животот со опасниот вирус кој постојано мутира.
Според хрватскиот имунолог Бојан Полиќ:
–Постојано ќе се појавуваат нови мутанти на вирусот, сè додека вирусот се реплицира и се шири во популацијата. Мислам дека сегашните вакцини најверојатно ќе не заштитат од сите неодамнешни варијанти на вирусот. Но, ова не значи дека некои од нив нема да се појават во иднина за да се избегне заштитниот имунитет постигнат со вакцинација. Тогаш ќе мора да се вакцинираме со нови верзии на вакцината. Вакцините базирани на mRNA или аденовирусни вектори можат многу брзо да се прилагодат на новите варијанти на вирусот, затоа не треба да се плашиме за идна контрола на епидемијата. Колку побрзо ја смириме оваа епидемија, пред се со вакцинирање на населението, толку е помала веројатноста да се појават нови мутанти на вирусот.