Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Освен тоа, важно е и што јадеме кога станува збор за појадокот.
Тие истакнуваат дека бананите особено не се добри ако се јадат сами како прв оброк, бидејќи содржат дури 25 отсто шеќер и спаѓаат во умерено кисела храна.
Нутриционистите советуваат денот да го започнете со појадок кој согорува маснотии, но и кој ќе ви даде доволно енергија и кој ќе ве засити до следниот оброк.
Бананите навистина даваат енергија, но на краток рок, бидејќи повторно ќе почнете да се чувствувате уморни и гладни.
Тие се подобар избор за ужина отколку за оброк, бидејќи сами по себе не се доволни за да го започнете денот полни со енергија.
Бананите припаѓаат на групата кисела храна, објаснуваат нутриционистите и дека киселината треба да се неутрализира за да се извлече најдоброто од бананите – калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер, што предизвикува само краток излив на енергија.
Нивниот совет е да ги комбинирате бананите со храна полна со здрави масти како авокадо или зачини.