Најстариот Французин, Марсел Мејс, почина од Ковид во средата вечерта во болница во Виена на 112-годишна возраст, според неговата ќерка, пренесува хрватски „Индекс“

-Живееше во својата куќа, но се разболе од Ковид и неговата состојба се влоши, па беше ставен на кислород, но и покрај сите напори немаше помош, тој си замина на 112-годишна возраст, ​​изјави Никол Боирон, неговата ќерка единива за АФП.

  • Живеел сам во својата куќа

Марсел Мејс беше примен во болница на 2 декември. Роден е во 1909 година и живеел сам во својата куќа.

Беше среќен во својот дом, со бистра глава, живееше сам, но имаше помош од социјалните служби, додава Боирон.

Поранешниот возач на брза помош преживеа две светски војни и е вдовец од 1998 година. Тој беше глув и речиси слеп, рече неговата ќерка.