Познатата југословенска актерка Мира Фурлан денеска почина на 65 годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

Првично истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, таа стана една од водечките хрватски и југословенски филмски актерки во 80-тите години на минатиот век.

Таа беше особено истакната во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдоjак, „Во вилиците на животот“ (1984) и „За среќата треба три“ (1986) на Рајко Грлиќ и во филмот „Убавицата на порок“ (1986) на Николиќ.

Од раните 90-ти години живее во Соединетите Држави, каде постигна светска слава со појавувањето во ТВ сериите „Бабилон 5“ и „Изгубени“.