Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари се укинуваат сите ограничувања во оваа земја.

Премиерката Мете Фредериксен објави дека со исклучувањето на Ковид од категоријата социјално критични болести, одлучиле од 1 февруари да ги укинат сите ограничувања за што добиле полна поддршка од останатите партии во парламентот.

Ковид пасошите и понатаму ќе се бараат само на влезовите во Данска од странство. Фредериксен кажа дека на крајот на јануари и почетокот на февруари, бројот на заразени со Ковид-19 ќе го достигне својот врв, а потоа ќе дојде до намалување на бројот.

Таа вели дека и покрај тоа што ограничувањата ќе бидат минато и ќе се нормализира секојдневниот живот, властите ќе ги следат податоците за Ковид-19 и ќе се препорача и четврта доза на вакцината против Ковид.

Во Данска на 10 септември беше објавено дека епидемијата со корона вирус е потполно под контрола и дека сите мерки се укинати. Сепак, подоцна какошто растеа случајите, огранчувањата повторно беа воведени од 15 ноември минатата година.

Главниот епидемиолог на Данскиот државен институт , Тајра Краус на 3 јануари изјави дека варијантата омикрон довела до крај на епидемијата и дека луѓето ќе се вратат на својот нормален живот во рок од два месеца.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Кампања за зголемување на грижата за бездомните животни „Отвори врата“
Следната статијаНа колку време треба да се направи пауза од земањето на витамини и минерали?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде