Прекумерната храна, стресот околу подготовката и тешките јадења често предизвикуваат надутост и чувство на тежина во стомакот. Еден природен начин за превенција е напитокот од матичнjaк (мелиса), кој се препорачува да се пие околу еден час пред оброк.

Матичнjaк го опушта мускулите на стомакот и цревата, го намалува грчот и помага во превенција на надутост, а пријатниот вкус го прави пиењето вистинско уживање.

Научни студии покажуваат дека во дози од 300 до 600 mg екстракт, ја намалува анксиозноста, го подобрува расположението и ја зголемува отпорноста на стрес, а ефектот се забележува веќе еден час по консумацијата. Поради тоа се советува да се пие пред поголеми празнични оброци.

Сепак, потребна е претпазливост. Лица со проблеми со тироидната жлезда, оние кои користат лекови за смирување, трудници или доилки треба да се консултираат со лекар пред употреба.