дома информација Плавањето во ладна вода може да го заштити мозокот од дегенеративни болести

Плавањето во ладна вода може да го заштити мозокот од дегенеративни болести

Истражувањето покажало дека пливање во ладна вода го забавува прогресот на деменција

771
0

Пливањето ладна вода може да го заштити мозокот од дегенеративни болести како деменција, откриле истражувачи од Универзитетот Кембриџ.

Во крвта на редовните зимски пливачи е пронајден т.н. „ладен шок“.

Се покажа дека протеинот го забавува почетокот на деменција, па дури и поправа некои штети што ги предизвикува деменцијата покажувало истражување на глувците.

Проф. Џована Малучи, кој раководи со Центарот на Институтот за истражување на деменција во Велика Британија на Универзитетот во Кембриџ, вели дека откритието може да ги насочи истражувачите кон нови третмани со лекови што може да помогнат да се задржи прогрес на деменцијата.

Истражувањето – иако ветувачко – е во рана фаза, но се фокусира на способноста за хибернација што ја задржуваат сите цицачи, што е предизвикано од изложеност на студ.

Веќе има повеќе од еден милион луѓе со деменција во Велика Британија и вкупниот број се очекува да се удвои до 2050 година.

Истражувачите бараат нови начини за лекување на состојбата, бидејќи сегашните опции имаат само ограничено влијание.

Извор: BBC