дома животен стил Пит Мондријан и канцелариски простор

Пит Мондријан и канцелариски простор

Примена на Де Стил во уредување на канцелариски простор дава модерен и компактен изглед на вашето работно место

1377
0

Де Стил е уметничко движење кое потекнува од 1920-тите. Движењето се нарекува и неопластика или нова пластична уметност. Името Де Стил потекнува од холандскиот збор стил.

Застапниците на Де Стил, од кои најистакнат е Пит Мондријан, се обидоа да ги изразат утописките идеали на ментална хармонија и поредок. Тие се стремеа кон чиста апстракција и универзалност со редукција на основните форми и бои.

Тие ги поедноставија визуелните композиции во хоризонтална и вертикална насока и користеа основни бои, црвена, сина и жолта, како и бела и црна.

Во многу дела од овој стил, вертикалните и хоризонталните линии поминуваат без преклопување.

Примена на Де Стил во внатрешен дизајн

Дизајнирањето на просторот во Де Стил варијанта е избор за канцелариски (деловен) просто или собирано место (кафуле) со помали капацитети за сместување.

Де Стил како избор за внатрешен дизајн во просторот за домување се избегнува од причина што ограниченоста во изборот на форми и бои ја намалува логиката на функционалноста.

Изборот на елементи за уредување на просторот во Де стил е во тркалезна или форма на квадрат (најчесто), а боите кои се застапени на иста површина се – жолта, црвена, сина и тоновите – бела и црна.

Де Стил може да му даде модерен и специфичен изглед на канцеларискиот простор, истовремено носејќи инхерентна порака.

Имено Де Стил ја имплементира умешноста во делење на просторот на основни елементи и негово боење само во неколку основни бои, бидејќи филозофијата на Де Стилот е дека просторот може да се сведе на неколку апстрактни форми кои се воедно конститутивни за просторот воопшто.

Основачите на Де Стил сметале дека „убавината е во едноставноста“ и во избегнување на раскошната орнаментика која вообичаено е дел од класицизмот или барокот.

Просторот уреден според Де Стил признава само вертикална и хоризонтална поделеност, со што се постигнува симетрија во комбинирање на елементите во просторот.

Од таа причина Де Стил се применува за уредување на мал простор, каде што ќе се постигне ефект на симетрија и комапктност вклучувајќи повеќе елементи во просторот.