Денес Тирана е – иако сè уште често хаотична – многу пријатен мал град и културен, забавен и политички центар на Албанија.
На брзорастечко население од скоро еден милион (вкупното население на Албанија е околу три милиони), Тирана има шармшто нема да ги најдете на друго место во оваа земја.
Албанските граници се отворени за македонските државјани, така што Тирана може да ја посетите без задолжителен ПЦР тест, само со лична карта, за помалку од 4.30 часа сте во центарот на Тирана доколку тргнете од центарот на Скопје.
Ви наведуваме пет причини зошто да го посетите главниот град на Албанија наскоро:
Да уживате во албанското гостопримство
Да ве поканат на кафе или ракија (ракија од слива) е локален обичај и ќе најдете Албанци пријателски насторени кон странските посетители.
Бидејќи биле изолирани од остатокот на светот во втората половина на дваесеттиот век, многумина се љубопитни кон приливот на патници.
Заради локалната боја
Бидејќи е мал град, лесно можете да го поминете централното подрачје на Тирана за еден ден.
Но, како и лежерното истражување на неколку музеи, споменици, историски згради и паркови, направете време да се воодушевите од бетонските градски куќи за домување.
Да навистина. Насликани во бои на виножито, тие додаваат осветленост на некогашниот монохроматски градски пејзаж.
За кафе и храна
Албанија можеби не е позната по својата кујна, но тоа не е причина да не ја ставиме храната во фокусот.
Пробајте го одличното кафе и пиво (исламот е доминантна религија, но се практикува на многу толерантен начин), како и пристојни колачи и добро желато.
За час по историја на плоштадот Скендербег
Центар на Тирана е плоштадот Скендербег, именуван по националниот херој кој накратко обезбедил Албанија да биде независна од Отоманската империја во петнаесеттиот век.
Постои голема бронзена статуа на Скендербег на коњ (замислете Александар Велики се сретнува со Тор) на сред плоштад, а џамијата Етхем Бег, една од најценетите згради на нацијата која датира од крајот на XVIII век, се наоѓа во југоисточниот агол.
Да се види тиранската пирамида
Бетонската пирамида во Тирана, се наоѓа на кратко пешачење од плоштадот Скендербег. Изградена е во 1987 година од ќерката на албанскиот диктатор Енвер Хоџа (кој тирански управуваше со Албанија од 1944–85) како музеј на нејзиниот татко, сега е запуштена и исцртана со графити.