Алкохолот е штетен во 99% од случаите, само мал број на исклучоци го прават алкохолот корисен. Според истражувањата само жени над 55 години кои уживаат во една чаша црно вино на ден ги чувствуваат бенифитите од алкохол. 

Сите други видови на алкохол, особено во големи количини се исклучително штетни.

Доколку сакате да посегнете по чаша алкохол за разонода и опуштање ве соочуваме со 5 последици кои вашето тело ги трпи поради таквата одлука:

  • Побрзо стареење 

Алкохолот е поврзан со возраста на многу начини. Мора да сте доволно возрасни за да го пиете легално, а кога е така, може да ве старее побрзо отколку што инаку би старееле.

Обилното пиење може да има директно влијание на одредени делови од вашето тело и на вашето ментално здравје како што стареете. И може да има некои нездрави индиректни ефекти.

  • Лесно ќе дехидрирате 

Како што стареете, имате помалку вода во вашето тело и всушност се чувствувате помалку жедни. Како резултат на тоа, постарите луѓе имаат поголема веројатност да дехидрираат.

Пиењето алкохол може да извлече повеќе вода од вашето тело и да го зголеми ризикот од дехидрација.

  • Ја суши и старее кожата

Нашата кожа станува потенка и посува како што старееме. Тоа е природен процес наречен внатрешно стареење, и тоа е нешто што не можете да го контролирате.

Надворешното стареење е кога вашата кожа старее побрзо отколку што треба поради вашата околина и начинот на кој живеете. Тогаш алкохолот „скока“ – ве дехидрира и ја суши вашата кожа. Можете да го забавите ова ако пиете помалку алкохол.

  • Ќе ви ослабнат виталните органи

Алкохолот може да влијае на работата на некои витални органи и да го забрза нивното стареење. Додека луѓето кои пијат имаат поголема веројатност да имаат цироза (трајно оштетување на црниот дроб), дури и умереното пиење може да доведе до проблеми како заболување на замастен црн дроб.

Исто така, може да им отежне на бубрезите да го направат своето.

  • Алкохолот ја забавува работата на мозокот 

Секој алкохолен пијалок оди „директно до глава“, поточно – мозокот. Прекумерното консумирање алкохол во текот на подолг временски период може да ги оштети мозочните клетки и да доведе до одредени видови на деменција.

Ќе имате помалку расудување, самоконтрола и концентрација, а полесно ќе се налутите.