Зима

Сакале или не, зимата е секогаш подобра кога улиците се бели. Што се однесува до снегот, некои градови имаат повеќе од другите, а еве ја статистиката.

Еве кои градови имаат најмногу снежни денови во декември:

  • Хелсинки, Финска 

На петтото место е главниот град на Финска. За празничната магија дополнително придонесува Пулката, вид на санки кои можете да ги видите низ целиот град.

Ако некогаш имате можност да ги возите, упатете се кон паркот Синебрихоф и спуштете се од еден од многуте ридови, советува Full Suitcase.

Хелсинки во зима; Извор: Unsplash.com
  • Турку, Финска

Да останеме уште малку во Финска, на крајот на краиштата, Лапонија, земјата на Дедо Мраз, сè уште е тука.

Турку се наоѓа на југозападниот брег и е украсен со бројни замоци кои датираат од 13 век.

aerial photography of street at night covered with snow
Туруку, Финска Извор: Unsplash.com
  • Ерфурт, Германија

Според германските стандарди, овој помал град во регионот на Тирингија, со повеќе од 200.000 жители, е прилично бел во декември.

Покрај снегот, ќе најдете и бројни бисери од средновековната архитектура, меѓу кои и катедралата Света Марија или мостот Крамербрук.

city with high rise buildings under white sky during daytime
Ерфурт, Германија Извор: Unsplash.com
  • Вилнус, Литванија

Главниот град на Литванија е најпознат по својата барокна архитектура во центарот на градот, која беше ставена на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1994 година.

Доколку сакате да го доживеете вистинскиот зимски дух, а и да спортувате, скијачката зона Липкалнис е оддалечена само 5 километри, со прекрасен поглед на градот.

Виланус, Литванија Извор: Unsplash.com
  • Талин, Естонија

На прво место е „снежниот крал“ во декември, главниот град на Естонија – Талин.

green and white wooden house covered with snow
Талин, Естонија Извор: Unsplash.com

Во зима, престојот во него е чиста романса, а стариот дел на градот, познат и како Кесклин, е под заштита на УНЕСКО и е еден од најдобро зачуваните средновековни градски центри на целиот европски континент.