Уште од мали нозе слушаме разни забрани и негативни верувања. Родителите, воспитувачите, бабите и дедовците и другите авторитети од детството најмногу ни всадиле погрешен поглед на животот.
Ако продолжите да се дефинирате себеси преку односот со луѓето кои ве обликувале и се држите до она што другите го мислат за вас, вие сте на погрешен пат.
Многу луѓе продолжуваат да се ограничуваат на сопствените мисли и несигурности. Повеќето имаат проблем со негативното размислување, што е донекаде логично.
Некогаш, за да преживее во дивината, човекот мораше да се фокусира на опасностите за да се спаси во животот. Иако оттогаш поминаа илјадници години, фокусот на лошите работи остана кај повеќето.
- „Не сум доволно добар“
Ова гледиште за себе доаѓа од споредбите со другите. Најголемата грешка што една личност може да ја направи е да се споредува себеси со туѓите успеси, изглед, итн.
Единственото правилно нешто што треба да направите е да се споредите со себе од минатото и соодветно да напредувате. Не дозволувајте другите да ве дефинираат и да ви кажат дали сте способни за нешто или не. Запомнете, другите имаат свои ограничувања, стравови, различни искуства.
- „Нема да бидам среќен додека ..“
Ако мислите дека ќе бидете среќни кога ќе добиете одредена работа, ќе отпатувате некаде, ќе стапите во контакт со одредена личност и слично – верувајте, нема.
Сè додека сте приврзани за идните настани и луѓе, верувајќи дека таму ве чека среќа, само ќе паѓате во нервоза, фрустрација и анализа. Мора да научите да живеете во моментот.
Уживајте во пиењето кафе, разговорот со пријателите, времето поминато со семејството, бидејќи само така навистина ќе дојдете до среќата.
- „Доцна е за промена“
Уште една непотребна илузија. Апсолутно никогаш не е доцна! Научете нов јазик, сменете ги работните места, правете го она што го посакувате.
Сè додека ги ставате очекувањата на другите пред своите, нема да го имате животот во ваши раце. Често правиме нешто против наша волја затоа што се водиме од правилата кои општеството ги наметнува.
Но, промените и ризикот можат да ви донесат поисполнет живот, додека да се сместите во зона на удобност не може.
- „Сè уште не сум подготвен“
Ако го чекате идеалниот момент, џабе чекате! Не постои идеален момент во животот и стопроцентна сигурност. Не одложувајте затоа што не знаете што носи новиот ден.
Дури и да не успеете, ќе имате искуство и лекција, а ако избегнувате да носите одлуки и чекате за момент, ќе имате само илузија дека правите нешто за она што го сакате.
- „Немам време“
Ако секој пат наоѓате вакво оправдување, прашањето е колку всушност сакате нешто.
Иднината не гарантира дека ќе имате повеќе време или дека се ќе биде како што сте очекувале. Значи, осмели се сега!