Пивото може да се каже дека е еден од најздравите алкохолни пијалоци во светот – се разбира, здраво е ако пиете чаша овде-онде, а не ако го пиете во огромни количини.

Но, колку и да има добри ефекти врз здравјето, што е докажано, одредени групи луѓе не треба да пијат пиво.

Историја на дијабетес или преддијабетес

Кога станува збор за пивото, луѓето генерално не ни помислуваат дека тоа е пијалок што содржи шеќер. Можеби не е секогаш на списокот со состојки на етикетата, но природно се создава за време на ферментацијата.

Пивото може брзо да го подигне нивото на шеќер во крвта или да доведе до нагло зголемување на инсулинот и да предизвика хипогликемија, што е исто така опасно, предупредува гастроентерологот д-р Џонатан Канг.

Губење на тежината или дебелина

Доколку сакате да ослабете, дефинитивно треба да се држите настрана од пивото, бидејќи на тој начин ќе внесете 100-200 калории кои немаат никаква хранлива вредност.

Инаку, истражувањата покажаа дека дневната доза пиво од 500 или повеќе милилитри го отежнува слабеењето, особено кај мажите.

Чувствителност на глутен

Луѓето кои избегнуваат глутен поради здравствени причини треба да избегнуваат и пиво бидејќи тоа може да предизвика дигестивни проблеми.

Пивото често содржи глутен, кој кај многу пациенти може да предизвика воспалителна реакција во цревата и на тој начин да доведе до гастроинтестинални симптоми, вели гастроентерологот.

Историја на синдром на нервно дебело црево

Стомачните проблеми не се ни најмалку забавни, а најмалку за оние кои имаат синдром на нервно дебело црево.

Пивото често води до надуеност, гасови, дијареа, а понекогаш и абдоминална болка предизвикана од иритација на цревниот ѕид или задржување на течности кај некои луѓе, вели д-р Канг.

Горушица

Ако страдате од горушица, веројатно знаете дека треба да избегнувате храна која е кисела или масна, но многумина не знаат дека пивото треба да се најде на таа листа на намирници.

Пивото ја намалува способноста за затворање на долниот езофагеален сфинктер на хранопроводникот, што предизвикува повеќе киселина да се врати во хранопроводникот, а горушицата се влошува, вели гастроентерологот.