Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од ковид-19 од десет дена да се намали на седум дена, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

На денешната седница која беше свикана по барање на министерот за здравство, членовите на Комисијата одговорија позитивно и се состанавме. На тој состанок се разговареше, и секако врз основа на следењето на трендот на одлуки кои се донесени во различни држави, кои се релевантни и се земаат за пример за споредување, и врз основа на нашиот Институт за јавно здравје кој ги добива на дневна база податоците, одлуката на Комисијата е изолацијата од десет дена да се намали на седум дена, изјави Сали за ТВ Сител.

Тој напомена дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Авион се врати на писта по 800 км лет, патничка не сакала да стави маска
Следната статијаЦрните дупки не мора само да голтаат ѕвезди, некои од нив и ги создаваат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде