Патувањето го ублажува стресот, нè исполнува со позитивна енергија, го збогатува духот …

Покрај тоа, истражувањето на нови пејзажи го развива мозокот, без разлика на колку години сме – тврди д-р Пол Нусбаум од универзитетот во Питсбург.

Овој научник нè уверува дека искуствата што ги стекнуваме кога откриваме нови сцени и култури, придонесуваме за раст на нови врски во мозокот и ја намалуваат можноста за заболување од Алцхајмерова болест.

Нусбаум го објаснува тоа на следниот начин.

Кога ќе се изложиме на ново, сложено опкружување, мозокот веднаш реагира и почнува да изгледа како џунгла – вели научникот.

Дури и стресот што ни го прави патувањето ако сè не оди според планот е пофална појава, бидејќи одреден степен на напнатост е всушност неопходен за нас, бидејќи го носи мозокот во состојба на апсолутно внимание.

Истражувањата покажуваат дека скоро и да нема разлика дали патуваме километри или сме само неколку милји далеку од дома и откриваме интересна оаза.

Експертите дури препорачуваат да се постигне поголем ефект ако патуваме почесто на пократки турнеи, наместо целата енергија да ја насочуваме кон една звучна, егзотична дестинација, по што повторно ќе бидеме лишени од нови искуства предолго.