Извештајот за финансиското работење на ЈПДП покажува дека во споредба со истиот период лани, оваа година приходот е поголем за 6,81 отсто односно за 37 070 841 денар или речиси 603 илјади евра.

Со оглед на мошне зголемената фреквенција на возилата во овој летен период извесно е дека приходите по овој основ ќе бидат значително зголемени. За колку, ќе покажат пресметките.

Надлежните, пак, се уште не најавуваат намалување на цените на патарините иако за тоа зборуваа пред повеќе месеци. Образложение е дека се работи на „нова методологија“ но која никако да се заврши. Дали зголемените приходи сега ќе ги убедат надлежните дека може да се изврши корекција на цените надолу?

ИЗВОРСкопско ехо
претходниот член,Што треба да содржи вашиот куфер за „секој случај“
Следната статијаСончево со мала локална облачност и услови за дожд

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде