Помала партија не освоила ниту едно место во Парламент во Нов Зеланд последните 20 години.

Годинава за прв пат после 2 децениското постоење на Партијата на Зелените, тие добија изборен легитимитет да го претставуваат електоратот.

Иако Нов Зеланд не се соочува со големи еколошки проблеми, присуството на Партија на Зелените во Парламентот е показател за раст на „зелената свест“.

Глобалните климатски промени и глобалното затоплување се проблеми кои веќе не смеат да се игнорираат, а прогнозата е дека зелените партии допрва ќе бидат препознавани како значајни од електоратот.