Министерот за економија вели дека продавачите ги повлекле производите кои до вчера беа замрзнати. Најавува дека пазарните инспектори ќе ги засилат контролите во маркетите за да се види кој го манипулирал пазарот. Најавува и ригорозни казни.

Заврши мерката со која цените на основните прехранбени производи беа замрзнати, а стапи на сила одлуката за ограничување на маржите. Таа доследно ќе се применува и нема да има ценовни шокови на пазарот.

Стоковите резерви се полни, но пазарот е добро обезбеден, залихи има и нема потреба да се интервенира преку нив. Истото го потвруваат и увозниците. Велат нема потреба од паника.

5% трговска маржа за големите и 10% за малите трговци важи за истите производи кои до вчера беа замрзнати: лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

Паничното купување може да предизвика пораст на цените, може да ги наруши сигналите пазарни, може да предизвика недостиг на определени производи. Граѓаните треба да се потсетат како беше кога почна короната. Сега има најверојатно сеќавање на минатото, но нема потреба затоа што ваквата паника во супермаркетите е најмногу поради безбедносната криза, а помал дел поради одмрзнувањето на цените.