Сите веќе знаеме дека е важно што јадеме наутро бидејќи го започнува метаболизмот и е важно за контрола на телесната тежина. Значи, не е важно само да јадеме нешто, туку важно е што јадеме.

Поточно, „погрешната“ храна што се јаде за појадок може да ни наштети, односно да ги наруши хормоните кои играат клучна улога во контролата на телесните масти.

Иако можеби ви се чини дека овошното смути и јогуртот се идеален оброк за да го започнете денот вистината е малку поинаква. Исто како и соковите, купените јогурти и смути обично содржат огромна доза шеќер, како и адитиви.

Вистина е дека ќе ве освежи и ќе ви даде инстант енергија, но и брзо ќе ви ја одземе.

Наместо јогурт и смути, ве советуваме да изберете сурово овошје што можете да го јадете заедно со житарки.

Ова е одличен избор на храна за луѓе кои се на диета бидејќи ќе го снабдите вашето тело со растителни влакна.