Таму каде копното престанува, а започнува морето, вака португалскиот поет од 16-ти век Луис да Камоес ја опеал високата карпа која се издигнува над океанот на 40-на километри северозападно од Лисабон.

До 14-ти век се сметало дека токму таму е крајот на светот

Ветрот кој ги „брише“ мислите од вашите глави и ја „чисти“ душата, мирис на далечните морски пространства и слободата која ви ги исполнува клетките – таков е впечатокот на Кабо да Рока, најзападната точка на европскиот континент.

Тука е и најстариот светилник во Португалија, изграден во 18-ти век. Римјаните ова место го нарекувале Промонториум магнум, а подоцна меѓу морепловците било познато како Лисабонски ‘рт.

Оттаму има неверојатен поглед, сите страни и прекрасните пејзажи кои невозможно е да ги овековечите на фотографии. Крајбрежјето во тој дел од Португалија е истовремено божествено и питомо, со остри црни карпи во кои удира океанот, а кои им даваат нова форма на прекрасните плажи со златен песок. Најубавите од нив се наоѓаат непосредно покрај Кабо Рока, од левата и од десната страна – Урса и Адрага.

Адрага има и длабока пештера од левата страна, до која може да стигнете внимавајќи само на брановите од Атлантскиот океан, на кои едноставно е невозможно да им одолеете.

Недопрената природа од овој дел е и Паркот на природата, Синтра – Кашкаиш, а секоја година го посетуваат илјадници туристи.