Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени.

Најголемиот број жртви се должат на употребата на експлозиви, гранатирања и тешка артилерија, но и како резултат на напади од повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади – се наведува во соопштението на ОН од Женева, а пренесува МИА.

ОН сметаат дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби.