Простувањето е лекување, тоа е лек за нашата душа. Кога им простуваме на другите и наоѓаме начин да си простиме и да продолжиме понатаму, сè станува многу поедноставно.
Не срамете се да побарате прошка од некого, затоа што на тој начин ќе ви падне еден огромен камен од срцето и наместо тага, среќата ќе се всели во неа.
Отец Тадеј, кој ни остави многу животни мудрости и поуки, исто така зборуваше за вредноста на простувањето и колку е важна за нашиот внатрешен мир:
–Ние мора да простиме сè од срце. Внатрешниот мир не може да се зачува се додека нашата совест искривува нешто. Ние мора да ја смириме својата совест. Треба да им простиме на сите од срце. Без тоа, нема внатрешен мир.