Утре во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд и ретки грмежи.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер утре и во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени. Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд

Прогноза за 03.07.2021
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево со умерена облачност и посвежо. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ=8

Прогноза за 04.07.2021
Минимална температура: 9°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8

Прогноза за 05.07.2021
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Променливо облачно со појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=7