Денеска има се повеќе родители кои ги користат овие специфични правила и на тој начин уживаат во растењето на своите малечки на поинаков начин.
Марија Монтесори е позната по тоа што создава кратки, мудри и лесни за примена правила кои им олеснуваат на родителите да одгледуваат среќно и самоуверено дете.
Еве неколку правила на Монтесори кои ќе ви помогнат да обезбедите светла иднина за вашите деца:
- Нека биде сакано и без да заслужи
Првите три години од животот се клучни за развојот на малечкото.
Бидејќи на таа возраст впива се што гледа и слуша, па затоа е важно да му се овозможи слободно да ја изразува својата потреба за движење, јазик и љубов.
- Почитувајте го дури и кога ќе направи грешка
Сите грешиме, па дури и најмладите членови на општеството можат да залутат.
Но, гледајте на тоа како научена лекција, бидејќи, со ваша помош, малиот учи како да исправа грешка.
Важно е само да го почитувате и во тој момент.
- Дајте му право на избор
Ако детето порасне во атмосфера каде што неговото право на избор секогаш се почитува. Тоа ќе се чувствува исполнето и неговата самодоверба ќе расте.
- Охрабрете ја неговата љубопитност
Секое дете е мал истражувач, но од вас зависи дали неговата љубопитност ќе се развие во вистинска насока или ќе згасне.
Следете го она што го прави и како се однесува, слушајте го и потоа помогнете му да ги насочи сите свои капацитети во областа на неговиот интерес.
- Бидете секогаш културни
Ако сакате вашето малечко да порасне во добро воспитана личност, имајте на ум дека тоа зависи и од вас.
Затоа обидете се да му дадете добар пример, да бидете културни, одмерени и учтиви во секое време.
- Бидете негова поддршка
Неопходно е детето да биде опкружено со мир и љубов.
Бидејќи на тој начин ќе чувствува дека сте негова поддршка во секој момент, што поволно ќе влијае на неговото ниво на самодоверба.
- Избегнувајте критики
Кога постојано го критикувате вашето дете, вие всушност го учите како да ги суди другите.
Се чувствува задоволно кога прави нешто добро, а тоа му дава задоволство и мотив да продолжи понатаму.