Глумецот Моамер Касумовиќ (44), познат од серијата „Луд, збунет, нормален“, се откажа од Третејануарската награда на Општина Бијело Поле, која ја добил во 2017 година. Одлуката следува по правосилна пресуда за тешко кривично дело педофилија.

Иницијативата за одземање на наградата ја покрена членот на Одборот на Демократска Црна Гора, Марко Ѓукиќ, кој побарал формално да се повлече признанието поради пресудата. Иако Општинското собрание има донесено општи заклучоци според кои награди можат да се одземат на лица осудени за тешки кривични дела, во овој случај не е донесена посебна одлука.

Касумовиќ доби Третејануарска награда во 2017 година, а неколку години подоцна во Сараево сторил блудни дејства врз 15-годишно момче. Судот му изрече казна затвор од една година, која според законот е заменета со парична казна од околу 36.500 конвертибилни марки (околу 18.000 евра).

Во своето соопштение, Касумовиќ нагласи дека се откажува од наградата за да го зачува достојанството и интегритетот на признанието, истакнувајќи дека не сака наградата, која треба да промовира општествени и културни вредности, да стане предмет на политички спорови или поделби во општеството.

Оваа одлука го затвора долгогодишниот контроверзен случај и го става фокусот на јавноста на значењето на одговорноста и интегритетот на културните признанија.

Фото извор: Принтскрин YT емисија Dosie