Тараната е тестенина од која често се подготвуваат супи или чорби, а во Босна се смета за еден од традиционални главни јадења.

Во некои делови на Балканот, домаќинките се уште дома подготвуваат домашна тарана по рецепти на своите баби, можеби малку унапредени.

Но тараната може да се купи и во маркети, продавници за турска храна или во добро снабдени маркети во делот на тестенини.

Потребни состојки:

  • 200 грама говедско мелено месо
  • 2 домати
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 главица лук
  • сецкан магдонос
  • коцка за говедска супа
  • 2 супени лажици црвен пипер
  • ситно сецкан морков
  • тарана
  • маслиново масло
  • мала коцка путер
  • вегета, сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во сад додадете маслиново масло и почекајте добро да се загрее.

Во маслиновото масло додадете го ситно сецканиот кромид и запржете 1-2 минути. Потоа додадете го меленото месо, ситно сецканиот морков и ситно сецканиот лук.

Промешајте додека смесата не се соенини неколку минути.

Потем додадете ја коцката за говедска супа, сецканиот домат сецканиот магдонос, вегетата, бибер, сол и црвениот пипер.

Промешајте додека смесата не се соедини.

Додадете литро вода и чекајте да проврие.

Кога водата ќе проврие додадете ја коцката со путер и тараната.

Доколку е потребно во меѓувреме додадете уште вода.

Гответе уште 10-13 минути на иста температура.

Тараната е подготвена за послужување.

Начин на послужување:

Тараната се јаде со домашен леб или погача. А може во неа да додадете кисело млеко или павлака по вкус.

Некој преферира тараната да ја јаде со парче овчо сирење.

На крајот останува изборот да го направите вие!

Уживајте!