Непријател може да е некој што системски работи на деструкција на вашите чекори, планови, успеси и имиџ.
Со него може да ве врзува заедничко минато во кое дошло до емотивна повреда, или може да не ве врзува апсолутно ништо.
За непријател може да се смета и оној што сака да го гледа вашиот пораз едноставно затоа што вашиот успех го инфериоризира, или на потсвесно ниво сте му иритација.
Велат дека непријателите се единствените луѓе кои вистински оделуваат време на вас и ги ценат вашите успеси поради кои и сакаат да ве оспорат.
Затоа секогаш треба да продолжите да се однесувате благородно дури и кон своите непријатели.
Еве како да им одговорите:
- Со успех
Тоа е она што најмногу ги боли.
Останете зафатени со себе и посветете го вашето време и енергија да станувате секој ден подобри и подобри.
Вие и вашите непријатели имате заедничка точка на интерес, тоа се вашите успеси.
Употребете ја нивната желба да погрешите како мотивација да не го направите тоа и натпреварувајте се до последен здив!
- Останете достоинствени
Непријателите постојано ви уфрлаат патокази кои треба да ве наведат на погрешни одлуки или застранувања од вашиот пат.
Не потпаѓајте под нивното влијание и игнорирајте ги нивните напори да стигнат до вас.
Останете недопирливи.
- Бидете силни
Само насмевка и продолжете да го реализирате својот животен сон.
Никогаш не покажувајте дали и кога ви е тешко.
Тешки моменти во животот имаат сите живи луѓе на Земјата, разликата меѓу нас е во тоа како се носиме со нив.
- Оставете ги зад себе
Луѓето кои ви работат зад грб, никогаш не може да бидат пред вас.
Нивното место е само и исклучиво зад вас. Оставете ги таму и не дозволувајте да ви го одвлечат вниманието, наместо напред, да гледате наназад!