Сезоната на алергии во голема мера започна, а со тоа и добро познатите симптоми како кивање, кашлање и насолзени очи.

Иако алергиите се третираат со антихистаминици, помалку е познато дека чаша алкохол, џин и тоник може да ги ублажат нивните симптоми.

Хистамин и сулфит се супстанции кои ги влошуваат алергиските реакции и се наоѓаат во одредени видови храна и алкохолни пијалоци – претежно во потемни и ферментирани, како што се црвено вино и пиво.

Спротивно на тоа, џин и тоник имаат мала количина хистамин, а џин, првично, воопшто не содржи сулфит, освен ако производителот потоа не го додаде во пијалокот.