Учебната 2021/2022 година ќе започне со физичко присуство и со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи.
Одлуката е усвоена на 99-тата седница на Владата, на предлог на МОН, а со одобрување на Комисијата за заразни болести.
Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.
Постојано ќе се следат состојбите и како алтернатива постојат дополнителни две сценарија: преминување на целосно онлајн настава или комбинирано, доколку дојде до промена на состојбата со пандемијата.