Од утре учениците повторно ќе се најдат во училишните клупи. Први септември е датум кој го обележува почетокот на школската година, но минатата година за најголем број ученици наставата се одвиваше со помош на онлајн образована платформа.

Иако образовниот процес се нормализира, сепак постојат протоколи кои учениците и наставниците ќе треба да ги почитуваат: редовна дезинфекција, дистанца и носење на маски.

Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден ги повика родителите да се вакцинираат и да се заштитат себе и децата од пренесување на вирусот.