Од утре Русија воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во соопштението на надлежната институција Росселхознадзор.

Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките се преземени поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија, се вели во извештајот.

Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето, наведува агенцијата.

Штетата за руското земјоделство во зоната на потенцијална штетност на кафеавата мермерна бубачка може да биде и до 2 милијарди рубљи годишно.

ИЗВОРБанкометар
претходниот член,Што се смени во една година од воведувањето на забрана за пластични кеси
Следната статијаМотивирачки пораки кои ќе ви го разубават почетокот на работната недела

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде