По релаксирачкиот викенд доаѓа понеделник, кој претставува враќање во реалноста и влегување во рутина на деловните обврски. Од раното станување, куп мејлови, нетрпеливи клиенти, состаноци, како и напорниот распоред во текот на неделата обично им е тешко на многумина.

Затоа на деловните луѓе често им недостасува мотивација во понеделник, која е „движечкиот мотор“ со кој се постигнуваат и дневните и неделните цели.

За да ве мотивираме и да ви го олесниме првиот работен ден во неделата, избравме 10 цитати кои ја отсликуваат добрата страна на понеделникот, односно новиот почеток.

10 цитати кои ќе ве мотивираат во понеделник:

„Еј, знам дека е понеделник. Но, тоа е и нов ден и нова недела. И тука лежи нова можност да се случи нешто посебно“ – Мајкл Ели.

„Секој ден носи нови избори“ – Марта Бек.

„Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да ги следиме“ – Волт Дизни.

„Секое утро имате два избора: Да продолжите да спиете со вашите соништа или да се разбудите и да ги бркате“ – Кристин.

„Или ти го водиш денот, или денот те води тебе“ – Џим Рон.

„Верувај дека можеш и си на половина пат“ – Теодор Рузвелт.

„Вашиот талент одредува што можете да направите. Вашата мотивација одредува колку сте спремни да направите. Вашиот став одредува колку добро го правите тоа“ – Лу Холц.

„Тајната на напредокот е почетокот“ – непознат автор.

„Инспирацијата доаѓа од вас. Човек мора да биде позитивен. Кога си позитивен, се случуваат добри работи“ – Дип Рој.

„Вашите мисли во понеделник наутро го дадоа тонот за целата недела. Погледнете како станувате посилни и живеете поисполнет, посреќен и поздрав живот“ – Германи Кент.

претходниот член,Од утре Русија забранува увоз на македонски јаболка
Следната статијаПриватните превозници се извинија за сообраќајниот метеж, но најавија дека нема да отстапат од своите барања

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде