Истражувачите ги преиспитале коските на неандерталецот познат како „Старецот од Ла Шапел“ и заклучиле дека тој боледува од бруцелоза, заразна болест која се шири од животно на човек.

Кога го реконструирале, научниците го покажуваат овој познат неандерталец наведнат – и тоа со добра причина.

„Старецот од Ла Шапел“ е пронајден во пештера во близина на француското село Ла Шапел на Сен Пјер во 1908 година.

Тој е еден од најпознатите и најкомплетните неандерталски скелети во историјата. Иако многу добро проучени, повеќе од сто години по неговото откритие, остатоците од неандерталците сè уште даваат нови информации за животот на овие претставници на човечката раса.

Во 2019 година, истражувачите открија дека неандерталецот кој умрел пред 50.000 години, на возраст меѓу 50 и 60 години, имал напреднат остеоартритис на ‘рбетот и зглобот на колкот.

Сепак, по повторната анализа, истражувачите сфатија дека не сите промени во коските може да се објаснат со едноставно абење поради остеоартритис.