Од денеска во Музејот на современата уметност – Скопје е отворена изложбата „Пркосни слики: Џон Хартфилд и сатиричната фотомонтажа“.
Проектот претставува резултат од повеќегодишен истражувачки процес на Владимир Јанчевски, кој се однесува на антифашистичката фотомонтажа и визуелата култура во периодот помеѓу двете светски војни.