Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе изнесува 8 мерни единици.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 19, а максималната дневна температура ќе достигне 34 степени.