Министерот за здравство Венко Филипче најави дека почнувајќи од денеска граѓаните ќе може да се пријавуваат за вакцинација.

Имено web страната на која ќе се врши електронското пријавување треба да биде пуштена во употреба од денеска.

По потпишаниот договор со кинеските компании за производство на вакцини против коронавирус, во секој момент се очекува пристигнувањето на порачаните дози на вакцини.